петок, 1 ноември 2024

Случајот Крмзов тежи најмалку 15 милиони евра, а замешани се поранешни и сегашни политичари

Според податоци од истрагата за случајот „Крмзов“, дознаваме дека сторениот криминал досега „тежи“ најмалку 15 милиони евра, а допира и до поранешни политичари кои денеска немаат имунитет, односно не се пратеници. Се работи за случаи поврзани со фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и добро познатите злоупотреби со поврат на ДДВ.

 

Ристо Крмзов

Објавено на

часот

Сподели

Според владини извори, истрагата е при крај, дојдено е до сериозни документирани криминални случаи, и наскоро се очекува јавноста во детали да биде запозната со целиот случај.

Акцијата почна во септември со претрес на документацијата на неколку струмички, скопски и гостиварски фирми поради сомневања за даночно затајување. На почетокот на акцијата беа приведени четири лица, за едно лице предложени се мерки на претпазливост, а државниот јавен обвинител информираше дека е оформен предмет за даночна измама и за перење пари.

Истрагата покажа дека во случајот „Крмзов“ милиони евра од Еуростандард банка биле префрлани на сметки во Турција.

На 16 септември премиерот Христијан Мицкоски изјави дека акцијата за даночно затајување и за перење пари е само една од низата вакви истраги што  следуваат.

„Мислам дека овој случај ќе биде епски голем, епски голем криминал, но она што можам да кажам дека ова е една во низата што ќе следат во следниот период септември-октомври“, изјави тогаш Мицкоски.

Струмичкиот бизнисмен Крмзов во изјава за емисијата Код изјави дека е жртва на локални моќници, „локални шерифи и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да ме уништат мене и мојот бизнис“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ