вторник, 10 декември 2024

Случај на мали сипаници во Свети Николе – одбивањето вакцини си го прави своето стари болести да се враќаат

Објавено на

часот

Сподели

Директорката посочува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, а резултатот е пристигнат денеска.

„Сметам дека нема место за паника за здравствениот персонал од Детско одделение кој бил во контакт со детето. На целиот персонал, кој е вакциниран со две дози со вакцината МРП направени се анализи, а кај тројца кој немаат антитела денеска веќе им извршена имунизација. Детето од Детско одделение беше примено на Инфективното одделение, кое беше изолирани и преземени се сите мерки“, вели Димитрова.

Таа посочува дека случајот го следи, а воедно презема и мерки и епидемиологот од Свети Николе. 13 месечното дете има поголемо братче, кое ги има примено двете дози на вакцина против морбили. Се бараат сите контакти и од каде детето се заразило со морбили.

Лекарите алармираат оти се заканува епидемија од мали сипаници поради нискиот процент на вакцинирани деца. Сега процентот на невакцинирани е понизок во споредба од пред три години кога и беше прогласена епидемија со мали сипаници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ