сабота, 27 јули 2024

Сложни браќа за апанажа, поранешни пратеници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДОМ, ЛДП…

Денеска собраниската Комисија за избори и именувања прифати 29 барања за апанажа на пратеници од парламентарниот состав 2020-2024. На листата се пратеници на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, ДОМ, ЛДП… Уште 57 пратеници имаат право на апанажа, а рокот за поднесување на барањата е до 28 јуни.

 

Објавено на

часот

Сподели

Против предлогот за апанажа беше пратеникот од Левица Борислав Крмов.

Апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието, односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата.

Пратениците побарале апанажа во траење од 12 месеци, односно до 27 мај 2025 година. Само еден пратеник побарал апанажа од 2 месеца и 10 дена зашто потоа оди во пензија.

Законот за плата и другите надоместоци на пратеници во Собранието и другите избрани и именувани лица предвидува пратеник да може да остварува плата и по престанувањето на мандатот за време до една година, и тоа: три месеци ако мандатот на пратеникот траел до шест месеци, шест месеци доколку мандатот на пратеникот траел од шест месеци и еден ден до 12 месеци, девет месеци ако мандатот на пратеникот траел од 12 месеци и еден ден до 24 месеци и 12 месеци ако мандатот на пратеникот траел 24 месеци и еден ден и повеќе.

Исто така, со законот се предвидува пратеник да може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеци, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија.

За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајковски информираше дека потпишал барање за престанок на апанажа на Оливер Спасовски и Весна Бендевска поради тоа што станале пратеници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ