Ракометарите на Словенија значително си ги зголемија шансите за нок-аут фазата во Париз откако попладнево стигнаа до сензационалан победа над Шведска.
По едно израмнето прво полувреме, Словенците одиграа извонредно во продолжението од мечот, комплетно ги надиграа Швеѓаните, постојано ја зголемуваа предноста и на крајот славеа со 29-24.
Најдобар стрелец беше Јанц со десет гола, пред Влах со осум, додека кај Шведска, Ване беше прв стрелец со шест постигнати гола.
Во следното коло Словенија игра против Јапонија која досега нема ниту еден освоен бод. Шведска, пак, ја чека дуел со Хрватска. Третиот меч го играат Германија и Шпанија.