По поразот од Шпанија во првото коло, денеска Словенија забележа триумф над Хрватска, која во овој меч влезе по драматичната победа над Јапонија.
Хрватите имаа фуриозен старт на мечот, поведоа со 5-1, постојано имаа предност во првиот дел, но како одминуваше времето позитивата им се топеше, на одморот се замина со нерешени 13-13.
Во втората половина од вториот дел Словенија го реши победникот на мечот, се одлепија, имаа предност и од највисоки 30-25 кои им беа доволни за мирен финиш и триумф на крајот од 31-29.
Јанц и Влах беа главни во составот на Словенија со по осум голови, кај Хрватите Шоштариќ, Срна и Мартиновиќ реализираа по пет.