недела, 20 октомври 2024

Словенија се соочува со огромен раст на бројот на нелегални мигранти

Бројот на приведени нелегални мигранти во Словенија во 2023 година двојно се зголемил, откако миграцискиот притисок се зголеми во цела Европа, јавува Франс прес. Според статистиката на словенечката полиција, 60.587 луѓе влегле во таа земја во 2023, додека една година претходно влегле 32.024 луѓе, што е зголемување од 89 отсто.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главно доаѓаат од територијата на Хрватска која пред една година стана дел од шенгенската зона. Околу 30 отсто од мигрантите се Авганистанци, 15 отсто се Мароканци, а девет отсто се Пакистанци. Бројот на руски државјани се удвоил од 1.816 на 3.675. речиси сите изразиле желба да поднесат барање за азил во Словенија, пред да го продолжат патот на запад и кон северот на Европа.

Словенија поради приливот на мигранти во октомври воведе контроли на својата граница, по примерот на други земји од Европската Унија. Полицијата бележи и сè почести обиди за преминување на нелегални мигранти од Словенија во Австрија преку зафрлени планински превои.

Хрватска по влегувањето во Шенген забележала пораст на пристигнувањата на мигранти во оваа година за 40 отсто во споредба со претходната, објави Франс прес повикувајќи се на податоци на хрватската влада. Во првите 11 месеци од минатата година, Фронтекс забележал повеќе од 355.000 преминувања на надворешните граници на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ