петок, 26 јули 2024

Словенија ја призна Палестина

Словенечката влада најави дека се приклучува на малиот број европски земји кои ја признаваат палестинската државност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Роберт Голоб изјави дека неговата влада се согласила со одлуката за признавање на Палестина и дека мерката ќе биде поднесена до парламентот на конечно одобрување, најверојатно следната недела, објави новинската агенција СТА.

„Денес владата одлучи да ја признае Палестина како независна и суверена држава“, рече тој на прес-конференција во Љубљана, пренесе Ројтерс.

Потегот е дел од пошироките напори на земјите да го координираат притисокот врз Израел за прекин на конфликтот во Газа.

Голоб повика и на итен прекин на непријателствата меѓу Израел и Хамас во Газа и ослободување на сите заложници.

„Ова е порака за мир“, рече тој.

Словенечката влада подигна палестинско знаме покрај знамињата на Словенија и на ЕУ пред својата зграда во центарот на Љубљана.

Словенија го следи патот на Ирска, Норвешка и Шпанија. Тие земји официјално ја признаа независна Палестина претходно оваа недела. Шведска го направи тој потег пред десет години.

Сите овие потези го зајакнаа палестинското прашање во светот, но го налутија Израел.

Повеќе од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации ја признаваат Палестина како суверена држава. Западноевропските земји и САД долго време беа исклучок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ