четврток, 13 март 2025

Словенија и ослабена е посилна од Македонија

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Словенија со 26-32 во квалификацискиот натпревар за ЕП кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија не успеа да ја искористи ситуацијата на Словенија која десеткувана допатува во Скопје, Словенците се соочуваа со многу отсуства, со крпен состав дојдоа на овој натпревар, но си заминаа со победа.

Момците на Кире Лазаров покажаа две лица на овој натпревар, одигравме одлично во најголемиот дел од првото полувреме, а доживеавме катастрофа во вторите 30 минути.

Македонија одлично го почна натпреварот, во текот на првиот дел имавме предност и од шест голови разлика, беше 11-5 за нас, но како одминуваше времето Словенија почна да ја топи нашата предност. Првото полувреме заврши со водство на македонската репрезентација од 16-15.

Во вториот дел Словенија брзо излезе од негатива, Македонија особено падна во финишот од мечот во кој противникот направи серија од 5-1 и на крајот победи со убедливи 32-26.

Филип Кузмановски со десет голови беше најефикасен наш ракометар, Митев постигна пет, а Пешевски четири. Митревски запиша девет одбрани.

Во недела овие две селекции играат во Словенија со почеток од 18 часот во Копер.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ