сабота, 27 јули 2024

Словенија, Австрија и Хрватска сакаат ЕУ да почне пристапни преговори со БиХ

Австрија, Словенија и Хрватска сакаат Брисел во следните два месеци да ги почне разговорите со Босна и Херцеговина околу нејзиното примање во Европската Унија, кажа словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон по годишната редовна средба на подунавските земји одржана во Брдо кај Крањ.

Објавено на

часот

Сподели

„Да, апсолутно. Ние имаме заедничка цел разговорите меѓу ЕУ и БиХ околу пристапувањето да почнат до крајот на оваа година. Работиме напорно на тоа“, изјави Фајон во обраќањето до новинарите.

БиХ во декември 2022 доби статус на кандидат за членство, но преговорите сè уште не се почнати.

„Австрија, Словенија и Хрватска се големи пријатели на проширувањето на ЕУ. Веруваме дека сега е политичкиот момент ЕУ да тргне кон ново проширување, па Европа да стане посилна и пообединета поради геополитичката ситуација“, кажа Фајон. „Тоа е, меѓутоа, двонасочна улица, и ЕУ и земјите кандидати мора да бидат спремни“.

Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг кажа дека неговата земја, Словенија и Хрватска се „добри пријатели на Босна и Херцеговина“, но и дека „не се единствените“. „Сакаме разговорите со БиХ да почнат“, кажа Шаленберг.

Некои заговараат и отворање на пристапни разговори за членство со Украина и Молдавија до крајот на годината, барајќи забрзана постапка за тие две земји. Австрискиот министер смета дека сите земји кандидати треба да имаат еднаков статус.

„Нашата позиција е јасна, не сакаме да имаме две класи земји кандидати. Би била грешка да сметаме некои за попривилегирани од другите“, кажа Шаленберг додека земјите од Западен Балкан со години стојат во „чекалната“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ