сабота, 27 јули 2024
Турнеја „Четири скокалници“

Словенецот Ланишек победи на скокалницата во Гармиш

Словенечкиот ски-скокач Анже Ланишек го освои првото место во Гармиш-Партенкирхен во рамките на турнејата „Четири скокалници“.

Објавено на

часот

Сподели

Во Гармиш-Партенкирхен се одржа втората станица од традиционалната турнеја „Четири скокалници“.

Најдобар беше Словенецот, Ланишек кој во првата рунда скокна 136 метри со 144,6 поени, додека во втората скокна 137 со 151,2 поени. Вкупно освои 295,8 поени што му беше доволно да заврши пред Јапонецот Риои Кобајаши (292,6) и Германецот, Андреас Велингер (291,4).

Лидер на турнејата „Четири скокалници“ е Велингер со 600 поени, пред Кобајаши со 598,9 поени, а трет е Штефан Крафт со 575,5 поени.

Натпреварувањето сега се сели во Австрија каде на 3. јануари е настанот во Инсбрук, а турнејата завршува на 6. јануари во Бишофсхофен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ