Трката на 5.000 метри, на која настапи и нашиот Дарио Ивановски, се одржа во пеколни услови, сите атлетичари имаа времиња послби од пријавените, а Словенецот Вид Ботолин едвај успеа да мине низ целта, и тоа благодарејќи на спортскиот фер-плеј кој го покажа хрватскиот атлетичар Дино Бошњак.
Кога Дино Бошњак забележа дека Вид Ботолин колабира на жешкото време, пријде до ривалот и му помогна да ја заврши трката.
A moment of sportsmanship in the 5000m in #Silesia2023. ? #EG2023 pic.twitter.com/AIAo5B5fCf
— European Athletics (@EuroAthletics) June 22, 2023