понеделник, 28 октомври 2024

Словенци ќе го собираат ѓубрето во Тетово

Совет на Општина Тетово на денешната седница усвои измени и дополнувања на одлуките за основање на ново јавно претпријатие за менаџирање со отпад кое со словенечка приватна фирма треба да работи на собирање на сметот од наредната година.

Објавено на

часот

Сподели

Ова ново претпријатие беше најавено и како решение за неисплатените плати на работниците во јавното комунално претпријатие кои минатиот месец протестираа, па добија ветување дека до 15 декември ќе ги добијат личните доходи и придонеси.

На денешната седница се зголемија влоговите во новото претпријатие од страна на општината и словенечкиот партнер, а се смени и статутот на ЈКП „Тетово“.

„Се сменија членовите кои се однесуваат на ингеренциите со управување со отпадот кои преминуваат во новото друштво каде 51 отсто има словенечката фирма, а 49 проценти општината. Од 2024 словенечката фирма ќе менаџира со отпадот, а ќе има обврска и за нови камиони за смет, нова механизација, контејнери“, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот.

Градоначалникот Биљал Касами вели дека е почната процедура за преземање на вработените, но сè уште не е најден начин да им се исплатат заостанатите плати.

„Од 1 декември е почната процедурата за преземање на вработените, со обезбедување на дозволите за да може од 1 јануари 2024 година да почне со оператива. Во однос на заостанатите плати, нас ни е важно од 1 јануари со новото претпријатие да можат да ги земаат редовно. Сѐ што ќе остане како заостанати плати ние како општина ќе најдеме решение да ги исплатиме. Дали преку ЈКП или ќе се најде начин преку новото претпријатие. Вработените нема да останат без плати, но прво ни е важно да го стабилизираме претпријатието за да најдеме начин и решение како заостанатите плати да ги платиме“, изјави Касами.

На крај на ноември три дена работниците протестираа и не го собираа сметот, по што добија една плата. Преостанатите три ги чекаат до 15 декември по што најавија генерален штрајк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ