сабота, 27 јули 2024
Царинска управа

Словак се обидел да внесе 126 литри прекурзори за производство на разни видови дрога

Државјанин на Словачка во багажниот простор на автомобилот сокрил повеќе канти со прокурзори кои се користат за производство на кокаин, хероин и други видови на дрога, вкупно 126 литри. 

Објавено на

часот

Сподели

„Инспектори од мобилните царински тимови Секторот за контрола и истраги при претрес на патничко моторно возило управувано од словачки државјанин, при влез на ГП Табановце пронајдоа и запленија поголема количина на прекурзори за производство на дрога.

д

На ден 10 декември на граничниот премин Табановце за влез во Република Северна Македонија при преглед на патничко моторно возило со словачки регистарски ознаки во багажниот простор од страна на царинските инспектори пронајдени се четиринаесет лимени канти со вкупно 126 литри прекурзори на дрога од кои 10 лимени канти со налепница Toulen lakarsky со тежина од по 9 литри и четири лимени канти со налепница Aceton со тежина од по 9 литри. По извршено вештачење на стоката, утврдено е дека се работи за прекурзори кои се користат за производство на некои видови на дроги како кокаин, хероин и амфетамински тип на дроги.

д

Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 од Кривичниот законик.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ