сабота, 27 јули 2024

Словаците се сомневаат дека Русите ги саботирале нивните „мигови“

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за дури 29 мигови, наведува порталот, повикувајќи се на словачкиот министер за одбрана Јарослав Наѓ.

Станува збор за двомоторни борбени авиони од советско производство кои беа дел од словачката војска која ги доби по разделувањето од Чешка во 1993. Неодамна ѝ ги дадоа на Украина, а словачката војска не ги користела од август 2022.

„Тие можеа да летаат, но тоа не значи дека се способни за борба. Украинците дојдоа во Словачка една недела пред префрлањето на „миговите“, донесоа резервни делови и ги прегледаа авионите“, изјави Наѓ откако опозицијата предводена од партијата Смер СД на поранешниот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше владата поради откажувањето од вредните летала.

На авионите биле забележани дефекти, а словачкиот министер за одбрана сугерира дека можеби намерно ги направиле руски техничари кои биле во воената база Силач во Словачка со минатата година.

„Дури и полицијата го истражуваше тоа, врз основа на нашите сомнежи. Имаше делови во моторите на авионите на кои им пристапуваа само словачки техничари, но и делови на кои работеа само руски техничари. Дефектите се појавија само кај оние делови на кои им пристапуваа Русите“, кажа Наѓ.

Иако истрагата не открила намерни дејства, министерството за одбрана „почувствувало губење доверба во руските техничари во Силач бидејќи дефектите се појавуваа само на местата до кои тие имале пристап“, додаде министерот.

И генералот потполковник Лубомир Свобода, поранешен пилот, исто така сугерирал дека Русите намерно ги оштетиле авионите.

„Од нив преземавме мотор кој требаше да трае до 350 часа. И на крајот леташе само 70 часа. Што можеме да сфатиме од тоа? Можеби бил лошо сработен, ајде така да кажеме. Не знам“, кажа тој.

Руската амбасада во Словачка соопшти дека испораката на словачките борбени авиони на Украина довела до „непредвидливи и опасни ескалации на конфликтот, за која ќе бидат одговорни и иницијаторите на донесените одлуки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ