понеделник, 16 декември 2024

Словачкиот претседател: Нема да има мир без територијални загуби за Украина

Словачкиот претседател Петер Пелегрини смета дека мирот во Украина може да се постигне само со компромис, вклучително и територијални отстапки. Пелегрини во интервју за словачката телевизија СТВР рече дека Украина ќе мора да направи отстапки за да се стави крај на војната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога станува збор за мирот, мислам дека треба да останеме реални. Веројатно ниту еден разумен човек во Европа денес не верува дека мирот може да се постигне без некои делумни територијални загуби за Украина“, рече тој, додавајќи дека својот став го базира на анализа на дневните извештаи за состојбата на фронтот.

Тој исто така ги повика Украина и Русија да започнат мировни преговори што е можно поскоро. За време на својата претседателска кампања, Пелегрини ја поддржа позицијата на премиерот Роберто Фицо за запирање на испораката на оружје за Украина од државните резерви, и покрај тоа што претходно ја поддржуваше воената помош за Киев.

Коментарите на Пелегрини доаѓаат пред јануарската инаугурација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој вети дека ќе ги доведе Украина и Русија на преговарачка маса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ