сабота, 27 јули 2024

Словачкиот премиер: Украина мора да се откаже од дел од територијата за да заврши војната со Русија

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека отстапување дел од украинската територија на Русија е единствениот начин да заврши војната со Русија и повтори дека е против членство на Украина во НАТО, пренесува Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мора да постои некој вид на компромис. Што очекуваат, дека Русите ќе ги напуштат Крим, Донбас и Луганск? Тоа е нереално“, кажа Фицо за словачкиот јавен сервис РТВС.

Словачкиот премиер ја презема власта во декември 2023 година откако неговата левичарска партија Смер победи на септемвриските избори со ветувањето дека ќе престане да му испраќа оружје на Киев, дека ќе го блокира потенцијалното членство ан Украина во НАТО и дека ќе се спротивстави на санкциите против Русија.

Пред планираната средба на словачкиот лидер со украинскиот премиер Денис Шмихал во среда, Фицо во саботното интервју го повтори своето противење на настојувањата на Украина за влез во НАТО.

„Ќе му кажам дека сум против членството на Украина во НАТО и дека ќе ставам вето. Тоа би била само основа за Трета светска војна, ништо друго. Украина не е независна и суверена земја туку е под тотално влијание и контрола на Соединетите Американски Држави“, кажа Фицо и истакна дека Украина од Словачка „нема да добие никакво оружје“.

Според него, Украина е една од најкорумпираните држави во светот.

Словачкиот премиер минатата недела го поддржа својот унгарски колега Виктор Орбан во блокирањето на пакетот помош на ЕУ за Украина од 50 милијарди евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ