„Некои членови на Европскиот парламент, со леснотија на пролетно ветре, зборуваат за ракети со среден дострел, ракети со долг дострел… Можеби една таква ракета би можела да разнесе фонтана во Брисел за да сфатат што зборуваат“, кажа Фицо.
🇸🇰 Slovak Prime Minister suggests launching missile strike on Brussels
This is how Robert Fico commented on requests from some European politicians to allow Ukraine to strike Russia with long-range weapons pic.twitter.com/qTbN0DfFKw
— Leandro Romão (@leandroOnX) October 7, 2024
Тој истакна дека во Европа, наместо обиди за прекинување на оружениот конфликт, се слушаат повици за негово продолжување.
Претходно Фицо веќе ја критикуваше дозволата која некои западни земји му ја дадоа на Киев да ја напаѓа руската територија со западно оружје со долг дострел.
Според словачкиот премиер, таквата политика укажува на нивна желба за ескалација на конфликтот, но Словачка нема да биде вовлечена во такви воени авантури.