„Недвосмислено велиме дека не можете да ѝ наредите на една земја да прифати, во случајот со Словачка, до 300 мигранти за кои ништо не знаете или да плати по 20.000 евра за секој“, рече Фицо на прес-конференција.
„Тоа не е солидарност, тоа е диктат“, рече Фицо, додавајќи дека неговата партија Смер-ССД и словачката владејачка коалиција ќе гласаат против слични закони во националниот парламент.
За да стапи во сила во цела ЕУ, пактот треба да го ратификуваат земјите-членки кои потоа ќе имаат две години да го применат.
Претходно и Полска ги отфрли правилата за распределба на бегалците и мигрантите кои влегуваат покрај редовните гранични премини меѓу земјите-членки на ЕУ.
Унгарија исто така се спротивстави. Владиниот портпарол минатата недела изјави дека Будимпешта смета дека таквиот систем „не е остварлив“.