четврток, 9 јануари 2025

Словачкиот премиер кажа дека договорил снабдување со руски гас

Словачкиот премиер Роберт Фицо кажа денес дека на Словачка ѝ обезбедил залихи гас за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, пред Украина да го сопре транзитот на гас од Русија на почетокот на 2025 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Морав да обезбедам гас барем за домашната словачка потрошувачка – што го имаме обезбедено“, порача Фицо на Фејсбук.

Тој не откри повеќе детали, а владиниот кабинет не одговори веднаш на новинарските барања за коментар.

Фицо го обвини Киев дека ѝ наштетува на Словачка со тоа што не сака да го продолжи договорот за транзит на рускиот гас кој истече на крајот на 2024, и се закани дека ќе ја прекине испораката на електрична енергија за Украина и ќе ја намали помошта за украинските бегалци.

Словачка од прекинот на испораките преку Украина продолжува да добива гас преку Унгарија, која добива руски гас преку турскиот гасовод Турски тек, според податоците на словачкиот гасен оператор Еустрим.

Фицо треба да се сретне со функционерите на Европската комисија утре во Брисел за да разговара за прекинот на транзитот на гас преку Украина.

Киев оцени дека со прекинот на транзитот на гас ја лишува Москва од заработка со која би ја финансирала војната во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Фицо за „отворање втор енергетски фронт“ против Украина, по налог на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ