понеделник, 23 декември 2024

Словачкиот премиер го посети Путин во Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо, долгогодишен критичар на помошта на Украина, отиде во ненадејна посета на руската престолнина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин го примил словачкиот премиер Роберт Фицо во Кремљ.

Коментирајќи ги разговорите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не знае за какви прашања планираат да разговараат лидерите, но додаде дека „посетата била испланирана пред неколку дена“.

Тој, исто така, не исклучи дека на дневен ред ќе биде и прашањето за испораките на руски гас за Словачка, како и други прашања од надворешната политика. „Но ќе мора да почекаме до крајот на состанокот“, додаде Песков.

Навестување дека разговорите се водат дојде во саботата кога српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека „неофицијално дознал“ дека е „апсолутно сигурно“ дека Фицо ќе го посети Путин како лидер на земја од Европската Унија, но посочи дека тоа ќе биде в понеделник наместо денеска.

Фицо месецов изјави дека неговата влада води „многу интензивни“ разговори за снабдување со природен гас за 2025 година. Протокот на гас во источноевропската земја, која е зависна од руската енергија, е неизвесна поради планот на Украина да не го продолжи транзитниот договор со Москва, кој истекува на 31 декември.

„Уверен сум дека може да се најде решение за (снабдување со гас) за неколку земји од ЕУ со транзит на гас преку територијата на Словачка и Украина“, рече претходно Фицо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ