Нападот се случи на 15 мај кога Фицо им се придружи на своите поддржувачи по состанокот на владата во Хандлова, град во централниот дел на Словачка.
Веднаш му биле извршени две операции во траење од неколку часа во болницата во Банска Бистрица.
„Роберт Фицо беше преместен вечерва [30 мај] од нашата болница во Братислава“, рече Ружена Матасеје, портпаролка на болницата, без појаснување каде точно е пренесен Фицо.
Во текот на утрото директорката на болницата Миријам Лапуникова изјави дека премиерот изразил желба да го продолжи закрепнувањето во својот дом по излегувањето од нивната болница.
Од болницата во Банска Бистрица велат дека се задоволни од состојбата на премиерот, која се подобрува.
Напаѓачот на Фицо, идентификуван од словачките медиуми како Јурај Цинтула (71), веднаш бил уапсен и ставен во притвор под обвинение за обид за убиство.