четврток, 2 јануари 2025

Словачкиот министер за одбрана рече дека Украина можеби ќе мора да отстапи територија

Министерот за одбрана на Словачка, Роберт Калинак, вчера изјави дека Украина можеби ќе мора да отстапи дел од својата територија за да постигне мир. Во изјава за ТВ станицата ТА3, Калинак го опиша ова како реалност на ситуацијата. Тој рече дека во интерес на Словачка е војната во Украина да заврши што е можно поскоро и се заложи за преговори и прекин на огнот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина веројатно не е свесна дека никогаш нема да биде сместена меѓу Германија и Швајцарија, но секогаш ќе ја дели својата најдолга граница со Русија“, рече тој.

Калинак посочи дека Русија го прекршила меѓународното право со својата инвазија, која почна во февруари 2022 година, додавајќи дека нема сомнеж кој е агресорот. „Но треба да видиме и што се случува во другите региони и дали ги применуваме истите стандарди за други спорови“, додаде министерот.

Неодамна се зголемија тензиите меѓу Словачка, членка на ЕУ и НАТО, и нејзиниот источен сосед Украина.

Киев вети дека на 1 јануари ќе го запре транзитот на руски гас преку украинска територија, што ја налути Словачка.

Украина ќе ги загуби транзитните такси, кои Русија продолжи да ги плаќа и покрај борбите, но сака да ја лиши Москва од можноста да ја финансира својата војна со извоз на гас во Европа. Словачкиот премиер Роберт Фицо во петокот ѝ се закани на Украина, велејќи дека неговата земја за возврат може да престане да испорачува електрична енергија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја протолкува заканата на Фицо како наредба од Кремљ, со оглед на неодамнешната посета на Фицо на рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Фицо постојано ја критикува политиката на Западот кон Украина, а неговото патување кај Путин наиде на жестоки критики од Киев и ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ