среда, 23 октомври 2024
Хенрик Маркуш во посета на Делчево

Словачкиот амбасадор смета дека сега е последниот воз за Македонија на патот кон ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Според Маркуш, ова било јасно кажано и на последната средба на тројцата министри во рамки на таканаречениот трилатерален Славков формат (Австрија, Чешка, Словачка), која се одржа на 13 јули годинава во Скопје.

„Оваа трилатерална група има многу добра соработка, можеби подобра од Вишеградската група и министрите тогаш дадоа многу јасни пораки. Ова што се случи со таканаречениот Француски предлог можеби не беше баш најдобро, но таков е животот. Животот не е фер, а Македонија нема друга алтернатива од тоа да се направи она што треба. Таква беше апсолутно таа порака“, рече словачкиот амбасадор.

Според Маркуш, земјава може да биде доведена во ситуација да застане на патот, а Албанија да продолжи напред. Осврнувајќи се на ставовите на опозицијата, Маркуш вели дека сега е доцна за она што го зборува опозицијата и дека таа не нуди алтернатива или решение.  

„Сега сте во супер тешка ситуација – Македонија да застане на патот, а Албанија да оди напред, наместо да се направи тандем и да се направи единствено добро решение што побргу членство на Северна Македонија и Албанија. И затоа јас мислам дека пораките на министрите на таканаречениот Славков формат беа јасни. На таа средба нашиот министер го цитираше Кофи Анан, екс секретарот на ООН, кој кажал дека ‘времето е сега и изборот е многу јасен’ “, додаде Маркуш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ