петок, 10 јануари 2025

Словачката опозиција жестоко го нападна Фицо за неговата посета на Москва

Ненадејната посета на словачкиот премиер Роберт Фицо на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ предизвика голема полемика во Словачка, земја членка на ЕУ која се граничи со Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Опозициските политичари го обвинија Фицо дека ја предал сопствената земја, бидејќи неговото патување во Москва е прво за официјален претставник на Словачка од почетокот на руската специјална операција во Украина, пишува германски „Велт“.

Според информациите од двете страни, преговорите со Путин биле посветени на испораката на руски природен гас за Словачка, која е членка на НАТО и на Европската унија од 2004 година.

За разлика од јужниот сосед Унгарија, Словачка досега ги поддржуваше сите мерки за помош на ЕУ за Украина и санкциите против Русија.

Роберт Фицо отиде во Москва поради најавата за прекин на испораката на руски гас за Словачка, бидејќи Украина повеќе нема да дозволува транзит низ својата територија.

Пред средбата со Путин, Фицо залудно се обидуваше, вклучително и на самитот на ЕУ во Брисел, да спречи прекин на транзитот на руски гас за Словачка, што го најави Украина.

Тој нагласи дека на неговата земја ѝ се заканува сериозна криза, бидејќи таа е целосно зависна од рускиот гас и практично нема алтернатива. Затоа, ЕУ ѝ дозволи на Словачка да продолжи да купува руски гас. Сепак, оваа дозвола од ЕУ всушност не вреди ништо за земјата, бидејќи Украина веќе нема да дозволи транзит на гас од почетокот на годината.

На последниот самит на ЕУ имаше размена на мислења меѓу Фицо и Владимир Зеленски, при што Зеленски објасни дека Словачка има само економски проблеми, а во неговата земја луѓе умираат секој ден.

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Коста е информиран за патувањето на Фицо во Москва, соопштија извори од ЕУ во неделата навечер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ