Фицо го обвини Киев дека ѝ наштетува на Словачка со тоа што не го продолжи договорот за транзит на гас.
Тој претходно се закани со прекин на испораките на електрична енергија за Украина, а денес кажа дека Братислава на тоа може да додаде и прекинување на хуманитарната помош или користење вето при донесувањето одлуки за Украина во Европската Унија.
Фицо на новинарите во Брисел им кажа дека не сака да ги крева тензиите, но дека ќе посегне по мерки ако не се најде решение.
Повтори дека прекинот на испораките на гас низ Украина ќе ја чинат Словачка 500 милиони евра во надоместот за испорака во понатамошни европски држави, и уште милијарда евра поради повисоките цени на гасот од други извори.
Словачка и Европската комисија договорија формирање работна група за проценка на ситуацијата и наоѓање европско решение.
Руската испорака на гас во Европа преку Украина заврши на почетокот на 2025, кога истече претходниот договор. Киев одби да преговара за нов договор. Словачка минатата година неуспешно се обиде да го продолжи договорот, но Фицо кажа дека украинскиот претседател Володимир Зеленски на состанокот на раководството на ЕУ во декември истакнал дека тоа нема да се случи.