сабота, 27 јули 2024

Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот на Фицо

Словачката влада денес одлучи да не воведува вонредна состојба по атентатот на премиерот Роберт Фицо, туку само да го засили обезбедувањето на функционерите и загрозените категории, вклучувајќи ги новинарите, изјави во Братислава вицепремиерот и министер за одбрана Роберт Калињак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не сакам да навлегуваме о граѓанските слободи и права. Сакам да одиме по патот на смирување на општеството. Ако се влоши безбедносната состојба, секогаш можеме тоа да го направиме“, кажа Калињак по состанокот на Советот за безбедност на Словачка и седница на владата.

Политичките партии во Словачка одлучија да го прифатат апелот на избраниот претседател на државата Петер Пелегрини да се откажат од кампањата пред јунските избори за Европскиот парламент или да ја намалат што е можно повеќе.

Повеќето партии ја исклучија можноста за коментирање на вестите за атентатот на своите сајтови или социјалните мрежи, а полицијата побара од словачките медиуми да го направат истото.

Калињак и министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток посебно апелираа до медиуми да бидат воздржани и да ги проверуваат информациите пред да ги објават.

За британската телевизија Би-би-си Калињак кажа дека се пласирани непроверени или полувистинити и невистинити вести за Фицо, меѓу другото дека е против помош за Украина, додека Шутај Ешток укажа дека Фицо бил само против подарување оружје на Украина.

Матуш Шутај Ешток ги отфрли критиките, кои се сè погласни, на вчерашното однесување на обезбедувањето на премиерот Фицо во местото Хандлова, каде не го приметиле напаѓачот со пиштол во непосредна близина и му дозволиле да испука пет куршуми наместо да го оневозможат по првиот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ