сабота, 27 јули 2024

Словачка ја прекинува воената помош за Украина

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова го одби денес планот на преодната влада да испрати нова воена помош на Украина, кажувајќи дека владата нема овластувања и дека партиите кои се против таквата поддршка преговараат за формирање влада по минатонеделните избори.

Објавено на

часот

Сподели

Од кабинетот на претседателката е соопштено дека актуелната технократска влада има само ограничени овластувања, бидејќи ја изгуби неопходната доверба во парламентот на 15 јуни, еден месец откако Чапутова положи заклетва.

Таа во понеделникот го повика Роберт Фицо, чија партија Смер-словачка социјалдемократија освои најмногу гласови на парламентарните избори, но не и мнозинство во парламентот за да формира влада.

Фицо вети дека ќе ја повлече воената поддршка на Словачка за Украина, а неговата победа би можела дополнително да го оптовари кревкото единство во Европската Унија и НАТО.

Во соопштението се истакнува дека Чапутова, која од почетокот на руската инвазија е непоколеблив поддржувач на Киев и два пати ја посети Украина, не го сменила ставот за неопходноста на воената помош на Украина.

Но се наведува и дека „одобрувањето пакет воена помош од страна на владата во заминување би создало ризичен преседан за промената на власта по какви било идни избори“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ