сабота, 28 септември 2024

Слот испиша нова историја на Ливерпул, „црвените“ преку Вулвс до првото место (ВИДЕО)

Ливерпул со 1-2 славеше на гостувањето кај Вулверхемптон и се искачи на првото место на табелата, Арне Слот испиша историја и стана првиот тренер на „црвените“ кој победил на првите три гостувања во првенството.

Објавено на

часот

Сподели

По киксот на Манчестер Сити против Њукасл, Ливерпул е нов лидер на табелата во Премиерлигата.

Вечерва, „црвените“ славеа со 1-2 на гостувањето кај Вулверхемптон, трите бода ги донесе Мо Салах со гол од пенал по еден час игра.

Претходно, Конате го отвори резултатот во судиското надополнување на првиот дел, а Аит Нури изендачи на 1-1 по десетина минути игра во вториот дел.

Со овој триумф, Арне Слот испиша историја и стана првиот тренер на Ливерпул кој победил на првите три гостувања во првенството.

Холанѓанецот исто така е првиот тренер по Том Вотсон во 1896 година, кој забележал шест победи од седум натпревари на кормилото на клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ