петок, 26 јули 2024

Слон бркал луѓе на сафари во Замбија, уби туристка (ВИДЕО)

Слон уби 80-годишна американска туристка во националниот парк Кафуе во Замбија. Во нападот е повредено уште едно женско лице од седумчлената група, шест туристи и водич, кои во саботата отишле на сафари од кампот Луфупа.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Околу 9:30 часот по локално време нивното возило било „неочекувано“ нападнато од животно. Се појави снимка на која се гледа застрашувачкиот момент како слон брка група туристи. Возилото со туристите наеднаш застанало и во последните секунди од видеото се гледа како слонот се приближува. Водичот при тоа почнува да вика: „Еј, еј, еј, еј!“

За време на нападот се слуша како луѓе врескаат. Слонот на крајот го превртел возилото. Друга туристка поради повредите била итно префрлена во приватна медицинска установа, додека останатите туристи добиле помош за полесни повреди, пишува Скај њуз.

„Ова е трагичен настан и му изразуваме најдлабоко сочувство на семејството на туристката која загина. Исто така сакаме да им дадеме поддршка на другите туристи и водичот кои беа вклучени во овој вознемирувачки инцидент“, рече Кит Винсент, извршен директор на Вилдрнес компанијата која организира сафари.

Винсент објасни дека возилото застанало бидејќи „теренот и вегетацијата биле такви што на возачот му бил попречен патот и не можел доволно брзо да го оддалечи возилото“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ