сабота, 19 октомври 2024

Следуваат нови мерки против голема кашлица

Од Комисијата за заразни болести за в вторник најавуваат дека ќе предложат нови мерки откако денеска на Детската клиника беше хоспитализирано осуммесечно доенче со пертусис во стабилна состојба. Тоа е невакцинирано, но е задржано за следење на состојбата.

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува Комисијата за заразни болести да даде препорака до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да ги задолжи градинките да се направат списоци на вакцинирани и невакцинирани деца и да забранат прием на невакцинирани деца.

Вакциналните пунктови работат во две смени и во сабота. Вакцинацијата се одвива засилено откако на подрачјето на Скопје беше прогласена епидемија од голема кашлица или пертусис.
Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 18 јануари до сега, сите вакцинални пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЈЗ, вршат интензивно пребарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, заклучно со 29 февруари, досега се регистрирани 123 случаи на голема кашлица, од кои дури 109 cе во Скопје. Најголем број се во општините Аеродром, Карпош и Центар.
Во останатите градови, 5 лица се од Тетово, 4 лица живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица и Дебар.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ