Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има од среда.