сабота, 27 јули 2024

Славој Жижек кажа дека Израел е на пат да стане диктатура и дека Палестинците се сфаќаат како проблем

Познатиот словенечки филозоф Славој Жижек на отворањето на Франкфуртскиот саем на книги кажа дека Израел е на пат да стане диктатура, и дека Палестинците се сфаќаат како проблем, па неколку гости ја напуштија салата во знак на протест.

Објавено на

часот

Сподели

Од публиката се слушнале обвинувања дека филозофот го релативизира тоа прашање додека зборувал за најновите случувања на Блискиот Исток, пренесува Н1.

Жижек кажал дека за Газа нема решение без книги и дека Израел, цитирајќи го еврејскиот историчар и писател Јувал Ноа Харари, е на пат да стане диктатура.

Истакна дека Палестинците се сфаќаат како проблем.

„Треба да се погледне нивната ситуација, да се спореди нешто што изгледа неспоредливо“, кажа тој.

На Жижек прво пред бината, а подоцна и директно на бината, му се спротивставил комесарот за антисемитизам Уве Бекер, кој неколку пати излегувал од салата. Бекер го обвинил Жижек дека ги релативизира злосторствата на Хамас, но словенечкиот филозоф ги отфрлил неговите обвинувања.

„Само читајќи книги можеме да станеме свесни за ситуацијата“, уверен е Жижек.

Како што додаде, меѓу другото, тероризмот против Израел е против сите вредности за кои се залага Франкфуртскиот саем на книги, но и против вредностите на Саемот е и одложувањето на доделувањето награда на палестинската авторка Аданија Схибли.

Се наведува дека одделни гости и учесници гласно протестирале и ја напуштиле салата по говорот на Жижек, што многумина го опишале како непримерно.

На својот профил на Икс главниот уредник на издавачката куќа Цанкарјево Аљоша Харламов напиша дека во знак на протест од салата излегол и градоначалникот на Франкфурт Мике Јосеф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ