среда, 23 октомври 2024

Славески откако стана светски шампион: За мојот народ никогаш да не зборуваш во деминутив!

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш по борбата, Гого на социјалните мрежи објави статус.

„За мојот народ никогаш да не зборуваш во деминутив! Светски успех!“, напиша Славески.

Тој по мечот изјави дека со победата е остварена историја.

„Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“, изјави Славески.

Гого Славески кој има 28 години е пораснат во Скопје, во Ѓорче Петров, а последната деценија живее во САД каде среќата ја бараше прво како професионален боксер, а во последно време во борбите со голи раце каде се пронајде и се етаблира во еден од најдобрите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ