петок, 26 јули 2024

Славески: Kaде се 2 милиони евра за платите во ЈСП за ноември и декември?

Прашањето кое советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го повторија повеќе пати остана неодговорено – каде се 2 милиони евра кои на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје од средината на ноември, со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември, изјави вечерва на ТВ  24 претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески.

Објавено на

часот

Сподели

Славески посочи и дека советниците инсистираат на домаќинско и транспарентно работење од страна на Град Скопје.

„Советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се против поддршка на претпријатијата, не се против благосостојбата на вработените, туку инсистираат на транспарентно домаќинско работење од страна на лицата задолжени за тоа“, нагласи Славески.

Тој додаде и дека во моментот има 900 барања за нови вработување од страна на директорите на јавните претпријатија, а тие тонат во загуби.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ