сабота, 27 јули 2024

Во четврток и петок повремен локален дожд

Во четврток и петок ќе има повремен локален дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст, соопшти УХМР.

Објавено на

часот

Сподели

Промена на времето ќе има во сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе дува засилен северен ветер и ќе има врнежи кои на повеќето места ќе бидат од снег. Се очекува и формирање на снежна покривка и во некои пониски места.

Во зимски услови се одвива и сообраќајот во земјава. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово, а магла со видливост до 50 метри во Крушево, соопшти ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ