недела, 16 март 2025

Слаб земјотрес во Валандово, почувствуван и во Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија рано утринава во 4,13 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, на 125 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3,6.

Објавено на

часот

Сподели

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и Струмица, како и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ