четврток, 31 октомври 2024

Слаб земјотрес во регионот на Делчево и Берово

Земјотрес со сила од 2,4 степени според Рихтер е регистриран утрово на подрачјето на Берово и Делчево.

Објавено на

часот

Сподели

Земјотрес е регистриран утрово во 4:48 часот чиј епицентар припаѓа на подрачјето Делчево – Берово, 124 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, информира Опсерваторијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ