сабота, 27 јули 2024

Скршиле врата и со метални предмети нападнале тројца во Кавадаречко

Зачера во 00.05 часот во село Марена, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.А.(19) од истото село, постапувајќи по претходна пријава од Р.А.(38) од село Марена дека во неговата куќа во селото, А.А. со неговите браќа А.А. и еден малолетник, ја скршиле влезната врата и со метални и дрвени предмети ги нападнале неговата мајка Н.А.(64) и неговите браќа Г.А.(19) и Р.А.(21), а оштетиле и дел од покуќнината.

Објавено на

часот

Сподели

За настанот бил известен јавен обвинител, А.А бил задржан во полициска станица, малолетникот бил повикан со родител во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Увид на местото извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ