сабота, 27 јули 2024

Скот Морисон го призна поразот, Австралија доби нов премиер

Објавено на

часот

Сподели

Тоа значи дека следниот премиер на Австралија ќе биде шефот на Лабуристичката партија Ентони Албаниз.

Сѐ уште не се знае дали за формирање на влада ќе му треба коалиција со независните пратеници и помалите партии.

Австралискиот премиер Скот Морисон го призна поразот на изборите, што значи дека опозициската Лабуристичка партија со поддршка на партиите кои се залагаат за еколошки прашања стави крај на децениското конзервативно владеење.

Прелиминарните резултати од денешните избори покажуваат дека либерално-националната коалиција на Морисон била казнета од гласачите во урбаните области и во Западна Австралија.

„Разговарав со опозицискиот лидер и иден премиер Ентони Албаниз. Му честитав на изборната победа“, рече Морисон, кој поднесе оставка од функцијата претседател на партијата.

Опозициските лабуристи допрва треба да достигнат 76 пратенички места од 151 во Долниот дом, за самостојно да формираат влада, за конечните резултати е потребно време поради рекордниот број гласови испратени по пошта.

Резултатите покажуваат дека коалицијата на Зелените и групата на таканаречени независни, кои се залагаа за политика на интегритет, еднаквост и климатски промени, би можеле да формираат слика за парламентот што би била значително различна од администрацијата на Морисон, која се залагаше за ископ на јаглен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ