Во патниот патнички превоз во првиот квартал годинава се превезени 899.000 патници, во градско-приградскиот 12.097.000, во железничкиот 102.000, а во воздухопловниот превоз 493.096, објави денеска Државниот завод за статистика.
Податоците на ДЗС покажуваат дека е намалено количеството на превезена стока во првото тримесечје од годинава во споредба со истиот период лани, во железничкиот превоз за 40,8 проценти, во товарниот патен превоз за 14,4 проценти, а воздухопловниот за 8,1 процент.