„Поради испад во трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани. Од ЕВН нѐ информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот“, напишаа од општина Карпош на официјалниот фејсбук профил.