Визуелната проекција на скопското Кале е дел од кампањата на А1 со која има за цел да внесе свежина и позитивен дух со порака за заедничко креирање нови дигитални светови, кои се неопходни за секој член на семејството и за секој деловен ентитет независно од неговата големина, објаснуваат од команијата за овој несекојдневен настан на осветлување на историското Кале, значаен споменик на културата за Македонија.
„Сите ние живееме многу брзо и затоа сакаме да потсетиме дека животот е прекрасен со луѓето што се околу нас и со сè она што нè опкружува, а ние сме тука токму за тоа – да им овозможиме на сите наши корисници да ги споделат и да ги слават своите најважни моменти. Затоа велиме, ајде сите заедно да ги поместиме границите и да направиме живот прекрасен за сите“, вели Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
Инаку, „Животот е прекрасен со тебе“ е стих од песна на Каролина Гочева.