По неколку години пауза поради географска оддалеченост на членовите, Lincoln Letter повторно се враќаат на сцената, овој пат со нова пиратска приказна. По минатиот спот и албум со каубојска – вестерн тематика, бендот одлучи да „заплови“ по нови води и како раскажувачи преку музика, својата нова тема ја најдоа во светот на пиратските приказни. Skull and Bone е воедно и најава за нивниот нов албум кој ќе излезе на крајот на летото.
Промоцијата на спотот се одржа во Јавна соба каде се наполни дворот од публиката. Спотот беше прикажан, и набрзо Lincoln – Јаков Наумоски, Јулијан Мицевски, Борјан Гаговски, Андреј Ѓоршевски и Јан Стефановски, стапија на сцената и одржаа концерт, а беа пречекани со голем аплауз. За крај, публиката повторно го гледаше спотот кој беше примен со голем ентузијазам и позитивни критики.