вторник, 21 јануари 2025

Скопските пензионери протестираа – немаме врска со партиите, бараме пензии за нормален живот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На протестот, кој се одржа во Жена парк, спроти Собранието на Македонија, пензионерите посочија дека не се работи за партиски туку за егзистенцијален протест, а таа порака до властите беше напишана на транспарент. Тие како решение за својата, колку-толку, нормална егзистенција побараа покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии. 

Бараме за  живеаеме нормално, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот, изјавија пензионерите и додадоа дека трпението им е при крај и дека оправдувањето од Владата дека за нив качувањето на пензиите е долг пат не држи зашто, како што беше нагласено, функционерите за себе обезбедија повисоки плати за 78 отсто по кусиот пат по кој како да се возеле со јапонски брз воз.

„Да се покачи минималната пензија, задолжително и што побрзо. Висината на минималната пензија да биде со висина на минималната плата. Второто барање е, што е исто многу оправдано, покачувањата да бидат линеарни, да не бидат процентуални. За сите пензионери да бидат по 3.500 денари, на секое покачување, како и за најмалите, така и за најголемите пензии. Нема зошто да има разлика. Тоа што се плаќале придонеси на времето што често ги споменуваат луѓето тоа биле за да си земат поголеми пензии. Меѓутоа, пензионер е пензионер. Не придонесува повеќе, нема зошто да се прави категоризација на висината на покачувањето. Продавницте за сите се исти, цените се за сите исти, услугите здравствени се исти. Значи, нема зошто да има разлика“, изјави Сузана Шкоф.

Таа додаде дека незадоволството е големо.

„Ги слушаме министерката за труд и социјална работа, ја слушаме претседателката на пензионерите со своите образложувања што не држат, нема повеќе што да се чека институционално, па за да биде тоа требало време, требало тоа, ова. За нив го донесоа покачување од 78 проценти, велат долг бил патот за нас, а за нив беше краток патот. Јас велам со јапонски воз, значи толку брзо ги донесоа по некоја иницијатива на некој или не знам како, а за нас бил долг патот. Е не се издржува повеќе. Едноставно, чашата е прелеана“, посочи Шкоф.

Од Владата деновиве рекоа дека согласно новата методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од 17.666 денари била зголемена на 19.150 денари..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ