Доне Таневски, долгогодишниот генерален директор на „Македонија турист“ и најголем акционер во компанијата ги изгуби двете позиции. Акционерското друштво „Македонија турист“ ги поседува хотелите Холидеј Ин, Белви, Бест вестерн, Карпош, Јадран, Бристол и други, но и поседува голем акционерски влог во Комерцијална банка.
„Скопски пазар“ сега повеќе од 86 илјади акции во „Македонија турист“ или 19,05 отсто од акциите во оваа голема туристичко-хотелска компанија. Таневски сега има само 10 отсто од сопственичката структура.
Последните недели е интензивирано купувањето на акциите на фирмата, а досегашниот сопственик Доне Таневски и неговите блиски роднини и соработници ги продадоа акциите.
Промедика ДООЕЛ има 11,08 % од акциите, а Симеон Павлов 10,47%. „Чеза комерц“ има удел од над 5 проценти од „Македонија турист“.