сабота, 27 јули 2024

Скопје утрово умерено загаден град, на 43 место во светот

Како што покажува специјализираната интернет страница за мерење на квалитетот на воздухот во стотина големи и главни градови во светот – Ер вижуал, Скопје утрово е на 43-то место на листата како град со умерено загаден воздух. Доминираат опасните канцерогени ПМ 2,5 честички.

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, не целиот град има умерено аерозагадување. Поголемиот дел од Скопје има квалитетен, здрав воздух, што се должи на убавото време и струење на воздухот.

Интернет страницата waqi.info ги покажува зоните на умерена загаденост. Има неколку делови од градот каде веројатно сообраќајот е погуст, или пак има и други загадувачи од индустријата или запалени ѓубришта, што е за анализа на Инсепкторатот за животна средина, имајќи предвид дека поради поволните климатски услови и топлото време не би требало да има загаден воздух исполнет со ПМ честички.

Една од тие зони, како што покажува и домашната интернет страница за следење на аерозагадувањето – пулс.еко (pulse.eco), e најстрогиот центар на Скопје, каде речиси 24 часа има зголемена фреквенција на сообраќај.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ