Сепак, не целиот град има умерено аерозагадување. Поголемиот дел од Скопје има квалитетен, здрав воздух, што се должи на убавото време и струење на воздухот.
Интернет страницата waqi.info ги покажува зоните на умерена загаденост. Има неколку делови од градот каде веројатно сообраќајот е погуст, или пак има и други загадувачи од индустријата или запалени ѓубришта, што е за анализа на Инсепкторатот за животна средина, имајќи предвид дека поради поволните климатски услови и топлото време не би требало да има загаден воздух исполнет со ПМ честички.
Една од тие зони, како што покажува и домашната интернет страница за следење на аерозагадувањето – пулс.еко (pulse.eco), e најстрогиот центар на Скопје, каде речиси 24 часа има зголемена фреквенција на сообраќај.
П.Џ.