Според интернет-страницата waqi.info, која го следи квалитетот на воздухот во светот и поподробно во секоја земја, во Скопје е најзагаден воздухот, а Струмица во чекор го следи главниот град на Македонија.
Уште позагаден е воздухот во големото скопско село Батинци кое се наоѓа под депонијата Дрисла.
Според специјализираната интернет-страница Ервижуал за следење на квалитетот на воздухот во главните и големите градови во светот, Скопје утрово е на 13-то место во светот. Пред Скопје се многумилионски градови од Азија и еден град од Африка (Акра).
Ако се погледне домашната интернет-страница пулс.еко, ќе се види дека одделни источни населби во Скопје ноќеска имале толку загаден воздух што би можеле да го „освојат“ и првото место во светот.