сабота, 27 јули 2024

Скопје со најзагаден воздух меѓу главните градови во Европа, во Струмица е позагаден

На интернет страницата Ервижуал, пред 11 часот Скопје се најде на 11-то место во светот според загаденоста на воздухот на листата големи или главни градови. Според таа листа пак, Скопје има најзагаден воздух во Европа, во споредба со останатите глани градови. Интернет страницата waqi.info покажува дека во Струмица воздухот е уште позагаден отколку во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Загрижува што во Скопје е највисока концентрацијата токму на најштетните ПМ2,5 честички кои се канцерогени и кои се толку мали што речиси нема начин тие да се сопрат за да не влезат во дишниот систем на човекот, а оттаму и во крвта.

На оваа листа од европските градови до Сараево кое е на 26-то место, нема друг град од Европа.

Следните европски градови се Милано и Белград на 46 и 47-мо место, но на тие места од листата воздухот веќе не е така лош.

Вообичаено, „нездрав“ е и воздухот во Тетово, Гостивар, Кичево, Кавадарци и Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ