четврток, 9 јануари 2025

Скопје пак со отровен воздух, во првите десет најзагадени градови во светот

Скопје и утрово е меѓу 10-те градови со најголемо аерозагадување во светот. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју еар“, во 9:45 часот главниот град се наоѓа на седмото место во светот и е најзагаден град во Европа.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 164 единици воздухот во Скопје е во категоријата означена со црвено како „нездрав“ воздух.

Листата на најзагадени градови ја предводат Дака (197) во Бангладеш, Лахор (180) во Пакистан и Делхи во Индија (174).

Од градовите во Европа, по Скопје, според загаденоста на воздухот се Сараево на 35 место, Букурешт на 36. место и Приштина на 37 место.

Изминатите денови главниот град е меѓу најзагадените градови во Европа и светот.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека единствен начин да се намали емисијата на штетни честички е во зимскиот период да се смени системот на затоплување домови. Тој рече дека се работи на тоа, но, оти е потребно време и пред се изградба на гасни централи.

Фото: Роберт Атанасовски

„Ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од петнаесетте инвеститори е таков, заинтересиран да изгради такви гасни централи. Но, за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за сето тоа да профункционира. За да се изградат топловоди можеби повеќе, можеби пет и шест години“, рече Мицкоски.

Од Град Скопје деновиве информираа дека се спроведуваат засилени инспекциски контроли и се изрекуваат казни. Воедно обвинија дека од 14 институции здолжени за животната средина, само тие се на терен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ